Екипата на телевизија Н1 со репортажа ја пренесува состојбата од Пионерскиот парк во Србија, каде се собрани и кампуваат во шатори студенти што им се противат на масовните демонстрации што ги спроведуваат студентите со паролата дека „сакаат да учат“. Но, како што може да се види од видео материјалот на телевизијата, тие воопшто не сакаат да кажат од кој факултет доаѓаат, ниту пак да комуницираат со новинарите. Во кампот во паркот една од жените што биле интервјуирана а се претставила како „студентка“ била медицинска сестра, а другата вработена во правниот сектор на болница. Целото видео погледнете го на следниот линк.



