Неколку деца спасени од под урнатините во повеќе градови во Турција и Сирија

Тимови за потраги и спасување ги вложуваат сите можни напори за да се спасат што поголем број луѓе во Тусција и Сирија по земјотресот од 7,8 степени со епицентар во Газиантеп.

Помош добиваат и од локалното население од градовите. Социјалните мрежи се полни во видео снимки на кои се гледа како децата се извлекуваат од под урнатините.
Во силниот земјотрес, според последните информации, животот го загубија најмалку 300 лица, а стотици се повредени.


Министерството за надворешни работи на Турција побара и меѓународна помош во погодените подрачја.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.