Неколку причини зошто треба да јадете ф’стаци

Ф’стаците важат за најздрави намирници, токму затоа постојат неколку добри причини зошто треба почесто да ги јадете. Може да ги грицкате меѓу оброци, но исто така се одличен додаток во житарните и овошните каши за појадок, на пример.
Содржат девет есенцијални аминокиселини кои нашиот организам не може сам да ги создаде, но неопходни се за витални процеси како што е на пример процесот за обновување на мускулите по тренинг или лачење хормони кои се неопходни за организмот да функционира како што треба.
Една порција, 30 грама ф’стаци без лушпа, содржат 6 г протеини, количина која се наоѓа во едно покрупно јајце, на пример.


1. Помага во одржување на стабилно ниво на шеќер во крвта
Дури и ако немате проблеми со шеќерот, подобро е да избегнувате ненадејни скокови и падови на глукозата во крвта. Одличен начин за тоа е консумирањето храна богата со влакна. Токму затоа една рака ф’стаци е одличен избор за ужина. Порција ф’стаци содржи 3 г здрави влакна.
2. Го намалуваат крвниот притисок
Досегашните истражувања покажале дека месец дена редовно консумирање на ф’стаци секој ден го намалува горниот притисок.
3. Лесно ќе ве засити
Порција ф’стаци има 160 калории. Иако спаѓа во јаткасти плодови со најмалку порции, благодарение на високата содржина протеини и влакна ќе ве засити доволно да не грицкате меѓу оброци. Богати се со антиоксиданси, имаат високо ниво на антоцијанин, моќен антиоксидант кој докажано го намалува ризикот од дијабетес, срцеви заболувања и дебелина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.