четврток, 12 ноември 2026
Најново

Неколку причини зошто треба редовно да јадете лешници

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лешниците освен што се вкусни исто така се и многу здрави, одличен извор на витамини и минерали. Содржат здрави масти, протеини, влакна, магнезиум и манган, кој го подобрува здравјето на коските и имунитетот.
Редовната употреба на лешници може да го намали ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Лешниците содржат монозаситени масни киселини, витамин Е, витамин Б-комплекс и минерали.
Лешниците се богати со манган, магнезиум, фосфор, железо и цинк. Магнезиумот е елемент кој многумина од нас не го внесуваат во доволни количини, а игра важна улога во функционирањето на мускулите и нервите. Помага храната да се претвори во енергија, телото да создава протеини и да ја регулира работата на нервниот систем.
Витаминот Б6 го регулира расположението, имунитетот и спречува одредени видови анемија.
Незаситените масти, како омега-3, се потребни на телото бидејќи помагаат во регулирање на хормоните. Растителните влакна му испраќаат на системот за варење сигнал дека сме сити, го стабилизираат шеќерот во крвта и овозможуваат редовно празнење на цревата.
Околу 100 грама лешници ја задоволуваат 100 проценти дневната потреба од витамин Е, но треба да се има на ум големата количина на калории па се препорачува помала порција лешници, обично околу 30 грама.

Поврзани вести