Павлака за готвење може да го спаси пресоленото месо. Исто така, намирниците како што се компир, њоки или тесто помагаат да го апсорбирате вишокот на сол. Помагаат и доматите кога станува збор за сос од зеленчук.
Наједноставно е да излупите компир, да го додадете во пресолената супа и оставете да се вари. Компирот го впива вишокот сол, а на крајот извадете го и послужете го јадењето како да не се случило ништо.
Во продолжение прочитајте уште неколку совети кои ги користат најпознатите светски готвачи.
Пресолена супа и други течни јадења
Наједноставно е да додадете малку вода и да оставете да се вари неколку минути. Оваа метода може да биде добра само ако малку сте го пресолиле јадењето, па не треба да додавате многу вода. Ќе ви помогне и ако ставите ориз. Оризот ќе го впие вишокот сол. Исто така, може да додадете шеќер – почекајте да се растопи, па пробајте. Повторете ја постапката додека има потреба. Трикот со шеќер може да помогне доколку многу сте го пресолиле јадењето.
Пресолено месо
Павлаката за готвење може да го спаси месото ако сте го пресолиле. Ставете го месото во сад во кисела павлака и оставете го да се излади. Доколку сте го пресолиле меленото месо додајте ситно сечкана зелка, тиквичка или нарендајте компир во смесата. Ќе го неутрализирате вкусот на сол, а јадењето ќе биде сочно.
Пресолен зеленчук
Пресолениот сос од зеленчук ќе го спасите само доколку додадете уште домати. Исечкајте во јадењето и оставете да се вари. Вишокот сол од варениот зеленчук ќе го отстраните така што ќе додадете топла вода и ќе оставете да се вари неколку минути.