Некој ѝ ги украл колачињата од канабис, виновниците сами се издадоа

На својот профил на TikTok, Toya Geans ја објави реакцијата на нејзините кучиња откако ги праша каде се нејзините колачиња.
„Дали некој ги виде колачињата што беа во мојата чанта?“, ги праша кучињата по име Холи и Каори и додаде: „Не, не, не“.
Додека кучето од десната страна несигурно зјапа во сопственикот и лежи на подот како да се чувствува виновно, Холи изгледа како да не му е грижа и зјапа во сопственичката со широка насмевка на лицето и мавта со опашката.
„Кога кражбата конечно ќе тргне наопаку за крадците“, додаде сопственичката во описот на видеото кое има над 25 милиони прегледи.

@shi_chi_01 When stealing finally goes bad for the thieves 😡😡#badazzpitbulls ♬ original sound – Toya Geans

Пронајдете не на следниве мрежи: