На социјалните мрежи се појави видео, а во коментарот стои дека се работи за напад на украински самоубиствен дрон врз руско оклопно возило.
На снимката се гледа наводно украински дрон како лета кон руско оклопно возило додека се вози по тесен пат.

На видеото се гледаат двајца војници на возилото, а во моментот кога дронот речиси се приближувал до военото возило, еден од војниците пукал во дронот во неуспешен обид да го собори.
На самиот крај од видеото, се гледа како еден војник ги крева нозете нагоре, веројатно за да не биде погоден во телото од делови од авионот.
Не може да се утврди автентичноста на ова видео, односно дали навистина се работи за украински дрон и руски војници.


