Нема веќе пушење во паркови и градини

Градскиот совет на Стразбур одлучи да забрани пушење во сите јавни паркови и градини, што е првпат во Франција, објавија француските медиуми.
Забраната стапува во сила на 1 јули и беше усвоена едногласно од општинскиот совет, кој сака да се спротистави на растечката употреба на тутун и на последиците врз животната средина, безбедноста и здравјето на луѓето, се вели во соопштението.


Забраната, подготвена во соработка со Лигата против ракот, првично ќе стапи на сила во шесте големи паркот на градот, а подоцна и за сите јавни зелени површини.
По „експерименталната фаза“ во 2018 година, во 2019 година казните ќе бидат 68 евра.
“Еден отпушок може да загади до 500 литри вода за пиење, што станува несоодветна за пиење”, предупреди општината.
Во 2017 година бројот на пушачи во Франција е намален „историски” – за еден милион – соопшти Владата благодарение на зголемувањето на цените на цигарите, но и на супститути како електронските цигари.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.