Нема враќање во училиште: Наставата продолжува онлајн до крајот на учебната година

Се укинува државната матура, училишната матура и завршен испит за оваа учебна 2019/2020 година за ученици од завршните години во средните училишта. Сите ќе добијат диплома за завршено средно образование со иста важност како и во претходните години, соопшти попладнево на прес-конференција министерот за образование и наука Арбер Адеми, соопштувајќи сет мерки од образовниот план што Владата го усвоила на денешната седница.
Тој рече дека тоа ќе овозможи матурантите да избегнат стрес и да се посветат да бараат работа или да го продолжат високото образование на факултетите.
Учениците во основно и во средно образование до 10 јуни нема да се вратат во училишните клупи односно до крајот на учебната ќе се реализира настава од далечина.
Уписот на првачињата наместо во мај ќе почне во јуни. Списоците со запишани ученици училиштата ќе ги објават накјдоца до 15 јули, а тие што нема да бидат запишани ќе добијат писмено известување.
Има уште неколку мерки кои ги соопшти Адеми за, како што рече, непречено функционирање на воспитно-образовниот систем во услови на пандемијата од КОВИД-19, а се донесени во партенрство со други инстируции и граѓанскиот сектор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.