четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема да верувате колку чинат патиките кои Новак Ѓоковиќ ги носеше на гала вечерата во Париз

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Новак Ѓоковиќ пристигна во Париз на уште едно издание на Олимписките игри. Српскиот ас пред почетокот на самото натпреварување учествуваше на специјалната гала вечер на „Вог Адриа“, магазинот на чија насловна страница неодамна се најде.Репортерите на Телеграф го снимија моментот на неговото пристигнување и заминување од хотелот „Риц“ и во таа прилика го фотографираа и неговиот стајлинг, кој беше далеку од вообичаен.Тој носеше специјалната јакна Лакост, која не е достапна во слободна продажба, а она што е интересно е што носел патики Asics со многу скромна цена.Моделот што го носеше Ноле моментално е во продажба и може да се купи за само 126 долари, наспроти неговата редовна цена од 180 долари.Ѓоковиќ во текот на денот го одработи и првиот тренинг, подоцна дозна дека станал прв носител по повлекувањето на Јаника Синер, а деновиве ќе го дознае и својот прв ривал во борбата за златото.

Поврзани вести