Како што пренесуваат медиумите познатата фолк пејачка Драгана Мирковиќ по турнејата во Австралија ќе биде побогата за милион долари.
Наводно оваа турнеја ќе биде запаметена како една од најуспешните во кариерата на познатата фолк пејачка, со неверојатна заработка каква што досега немал никој од познатите ѕвезди во регионот.
Како што откриваат луѓето од организацијата, откако беше најавено дека ќе дојде и ќе организира пет концерти во различни градови низ Австралија, интересот за настапите на Мирковиќ не стивнува.
Таа во Австралија не настапувала цели 15 години, така што картите за нејзините преостанати концерти веќе речиси се продадени.
Како што пренесуваат медиумите, нејзината турнеја може да се спореди со настапите на големите светски ѕвезди.
Што се однесува до третманот што пејачката го има, се очекува дека минималните трошоци само за ова се околу 100.000 евра.
Но вкупната бруто заработка од сите продадени влезници ќе изнесува преку милион австралиски долари.
Првиот концерт беше во градот Аделејд на 28 април, а еден ден потоа и во Сиднеј. Потоа на 30 април Драгана пееше во Бризбејн, а по неколкудневна пауза таа ќе настапува во Мелбурн на 5 мај, додека следниот ден има закажано концерт во Перт. Што се однесува до цената за билетите, таа во просек се движи околу 135 австралиски долари, односно околу 80 евра.
Како што објави Свет-Австралија, публиката во Сиднеј беше воодушевена од концертот кој помина во одлично расположение.
Таа ги пееше своите најголеми хитови и направи вистинска атмосфера, а и самата беше воодушевена од публиката.
Инаку, Драгана вниманието на јавноста го привлекува уште откако прв пат се појави ја јавната сцена.
Покрај нејзините извонредни вокални способности, таа привлекуваше внимание и со својот совршен изглед кој и денес го негува.
Благодарение на хитовите кои и денес се слушаат, таа е една од најбараните фолк пејачки во регионот, но и кај нашинците во дијаспората.
Долгата, црна коса веќе со години е нејзиниот заштитен знак, па денес малкумина се сеќаваат како таа изгледаше на почетокот.