Нема да го препознаете на улица: Стефан Живојиновиќ откако се повлече од естрадата изгледа како друг човек

 

Помалиот син на Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ се обиде во музичките води, но неговата кратка, а слатка кариера траше кратко.
Пејачот, претходната година се повлече од музичка сцена и го даде своето последно интервју истакнувајќи дека повеќе нема да е дел од естрада и дека започнал нешто ново.
Отогаш Стефан не се појавува ни во медиумите, ниту пак во октомври се појави на роденденот на Лепа Брена.
Во медиумите се појавија гласини дека наводно Живојиновиќ не е во добри односи со семејството и дека не разговара со нив, па поради и тоа не ги посетува во нивниот дом на Бежаниска коса.
Деновиве, синот на Филип Живојиновиќ и Александра Пријовиќ славеше роденден, а Стефан пристигна на прославата и по долго време се појави на некое случување.
Имено, екипата на „Папарацо лов“ го снимаше пејачот како доаѓа во домот на Филип.
Многумина се изненадија од неговиот изглед и не би го препознале на улица. Тој се појави во опуштено издание со маска на лицето.
Она што многумина го забележаа дека има долга коса и изгледа потполно различно од периодот кога се занимаваше со музика.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.