Нема да има средба Путин-Бајден

Москва и Вашингтон не сакаат да организираат средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Американските медиуми претходно објавија дека се очекува претседателот Бајден да отпатува во Европа за да разговара за ситуацијата во Украина.

„Нема да има средба Путин-Бајден“, одговори Песков на прашањето дали се разгледува можноста за средба меѓу претседателите на Русија и САД.
Според телевизијата Ен-Би-Си, за време на своето патување во Европа, Бајден најверојатно ќе го посети Брисел, каде што се седиштата на раководните тела на НАТ О и ЕУ, но не се наведуваат дополнителни детали за патувањето или конкретни датуми.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.