Нема да можете да одолеете: Вкусен појадок кој се припрема за само 15 минути

Доколку ви здодеаја сендвичите, пецивата или некое друго вообичаено мени за појадок, имаме совршена идеја за вас.
Употребете ги состојките кои ги обожувате: шунка, сланина, пиперка, кашкавал, домат, лук… и подгответе појадок кој ќе ги задоволи сите ваши сетила. За овој рецепт ќе ви бидат потребни само неколку минути, а со истиот можете да го изненадите вашето семејство и да бидете расположени од самиот почеток на денот.
Потребни состојки:
– неколку земички
– јајца, по едно за секоја земичка
– црвена пиперка, исечкана- изрендан кашкавал
– сол и бибер


– шунка, сланина или друга состојка по ваш избор
Начин на подготовка:
1. Загрејте ја рерната на 200 Целзиусови степени и припремете ги сите состојки.
2. Исечете го врвот на земичките и издлабете ги, но внимавајте да не ја дупнете кората.
3. Наполнете ја секоја земичка со кашкавал, пиперка, шунка или друга состојка по ваш избор, додадете го јајцето одозгора и зачинете со малку сол и бибер.
4. Вака подготвени ставете ги земичките во претходно загреана рерна и печете 10-15 минути додека јајцето не добие златножолта боја.
5. Сервирајте ги топли.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.