Белата куќа го предупреди Израел дека САД нема да се приклучат на какви било одмазднички напади против Иран, јавува Би-Би-Си.Британскиот медиумски сервис јавува дека висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден синоќа им рекол на новинарите дека шефот на Белата куќа побарал од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да размисли многу внимателно и стратешки“ во врска со одговорот на неговите војници на првиот напад кој беше извршен директно од Иран на територијата на Израел.Се вели дека Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност на Бајден, се појавил на неколку американски телевизиски станици и во неколку наврати рекол дека САД јасно му ставиле до знаење на Израел дека Вашингтон се обидува да избегне поширок конфликт.Би-Би-Си објави дека и Кирби и неименуваниот функционер рекле дека САД ќе продолжат да го бранат Израел, но ја отфрлиле американската вмешаност во каков било израелски одговор на иранскиот напад.
Пронајдете не на следниве мрежи: