четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема поголеми ‘антиалбанци’ од оние кои за лични интереси – ги загрозуваат животите на својот народ

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Левица ги отфрла обидите на градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, и коалицијата ВРЕДИ да го заменат правниот одговор за сериозни наводи за криминал и корупција со опасна и незрела етничка реторика.

Обвинувањата за коруптивни зделки поврзани со дивоградби, фалсификување на исправи, злоупотреба на службената положба се прашања од јавен интерес и не смеат да се релативизираат преку етничкиот наратив.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Потенцираме дека нема поголема навреда, ниту потешка форма на “антиалбанство”, од втурнување на граѓаните во небезбедни, нелегални услови за живеење, додека истовремено се богатиш на нивна сметка. Тоа не е борба за достоинство и еднаквост, туку свесно изложување на жителите на урбан хаос, ризици и опасно нехумани услови.

Левица отсекогаш била и ќе остане жесток противник и разобличувач на корупцијата и криминалот, без разлика од кого, каде и во чиј интерес се сторени. Граѓаните на Чаир, како и сите граѓани на Македонија, имаат право на безбедна урбана средина, транспарентно управување и градоначалници и функционери кои служат на јавниот интерес, а не на градежните картели и личните бизнис агенди.

Со изјави во кои се изнесуваат неосновани и запалливи обвинувања за “етничко казнување“, Ганиу не само што се обидува да го скрие сопствениот криминал, туку свесно си игра со чувствителни теми, што претставува сериозна закана за јавниот ред и мир.

Го повикуваме Министерството за внатрешни работи и министерот Тошковски итно да реагираат на ваквите изјави, кои претставуваат очигледен обид за предизвикување тензии и дефокусирање од сериозно потенцијален организиран криминал.

Воедно, јавно го прашуваме министерот Тошковски: Кои закони важат за коалициониот партнер на ДПМНЕ? Дали Ганиу и неговиот клан е санкциониран за истурениот отпад пред Град Скопје или пак полицијата беше со нив на терен за да ги обезбеди и помогне?

Левица не е продукт на партиски пазар, корумпирани елити или незаситени апетити, туку реакција на деценискиот криминал што партиите од власта и опозицијата му го наметнуваа на народот. За разлика од оние кои произлегоа како фракции од криминогени матрици поради недоволен простор за продлабочување на џебовите – Левица е сосема нова партија која постои како глас на обесправените, организиран отпор против системската неправда и е вистинска алтернатива на сета политичка трулеж во државата.

Поврзани вести