четврток, 12 ноември 2026
Најново

Нема починати од корона, регистрирани само 8 нови заразени

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Министерството за здравство информираше, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа се направени 3.265 тестирања, а регистрирани се 8 нови случаи на КОВИД-19 од:
Скопје – 3, Струмица – 2, Куманово, Велес и Кичево – по 1.

Регистрирани се 72 оздравени пациенти од:
Скопје – 23, Куманово, Прилеп и Кичево– по 7, Гостивар и Охрид – по 6, Битола – 5, Тетово – 4, Радовиш – 3, Штип – 2, Струмица и Дебар – по 1.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Не се регистрирани нови починати лица.

Направени се 3.265 тестови преку: ИЈЗ-77, ЦЈЗ Скопје-33, ЦЈЗ Битола-75, ЦЈЗ Прилеп-52, ЦЈЗ Тетово–14, ЦЈЗ Куманово–50, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија-0, ГОБ 8-ми Септември-5, Институт за микробиологија–23, МАНУ-0, Жан Митрев (Филип Втори)-265, Авицена-295, Биотек-393, Систина-129, лабораторија Лаор-320, Синлаб-32, Ремедика-0, Плодност–92, Генеа–130, Никоб лаб-334, ВФВ Медикал-10, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 932.

Досега во земјата се направени вкупно 854.673 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.624, бројката на оздравени пациенти е 149.862, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 287.

Поврзани вести