Хаким Зијеш е, веројатно, најголемиот губитник во јануарскиот преоден рок, бидејќи замина во Париз, пружи рака и потпиша, а на крај не го оствари планираниот заем во ПСЖ. По неколку часа надеж дека жалбата на „светците“ ќе биде прифатена, денеска стигна и официјална пресуда дека Зијеш мора да се врати во Лондон.
Утринава се одржал состанокот на кој се одлучуваше по жалбата на ПСЖ и барањето Зијеш да биде регистриран. Меѓутоа комисијата при ЛФП (Француската професионална лига) не ја уважила жалбата. Одговорот е дека правилата за сите се еднакви и во оваа ситуација нема да биде направен исклучок.
Челси не ги пратил документите на време, па трансферот на Зијеш во ПСЖ не можеше да биде регистриран пред полноќ. Францускиот клуб веднаш поднесе жалба до комисијата, но залудно.