Ненадејното враќање на Чавез отвора многу прашања

Ненадејното враќање на венецуелскиот претседател Уго Чавез во татковината по двомесечното лекување од рак на Куба беше дочекано од одушевување од страна на неговите приврзаници кои стравуваа да не биде загрозено неговото 14-годишно управување со Венецуела која е богата со нафта, меѓутоа враќањето на претседателот во престолнината Каракас не значи и дека опасноста е отстранета, сметаа аналитичарите.Педесет иосумгодишниот социјалист по убедување Уго Чавез, кого го сметаат за најдобриот ученик на кубанскиот револуционерен лидер Фидел Кастро а честопати сака да нагласи оти се смета за следбеник на Симон Боливар, творецот на независна Латинска Америка, не се појавуваше во јавноста по шестчасовната операција од 11-ти декември минатата година на Куба, ниту до денес се огласуваше на социјалните мрежи, како што претходно имаше обичај.Првата негово фотографија беше објавена во петокот, што предизвика шпекулациите дека станува збор за фотомонтажа.„Се вративме во венецуелската татковина. Ти благодарам Боже! Му заблагодарувам на саканиот народ! Тука продолжуваме со лекувањето“, напиша во понеделникот на својот профил на мрежата за микроблогирање Twitter, откако бил примен во воената болница во  Каракас.„Му останувам верен на Христа и им верувам на моите медицински сестри и на лекарите. Отсега напред во победа. Ќе живееме и ќе победиме“, пишува уште Чавез за кој претходно се сметаше дека е преслаб да го издржи повеќечасовниот лет од Куба.Враќањето на Чавез беше поздравено со огномет и одушевување, бидејќи социјалистичкиот претседател успеа да ги придобие на својата страна масите преку вложувања во нивното образование, здравствената заштита и инфраструктурата во земјата којашто има 29 милиони жители и којашто и покрај природните богатства се бори со сиромаштија и високата стапка на криминал.Меѓутоа, експертите, па и самите помошници на Чавез истакнуваат дека неговата здравствена состојба и натаму е кревка. Операцијата во декември на Куба веќе четвртата по ред откако првпат во јуни 2011 година му беше дијагностициран рак во долниот дел од стомачната шуплина.Неговото враќање во татковината во раните утрински часови е типичен потега за поранешен војник кој владее театрално и без влакна на јазикот, остро постапувајќи со противниците и употребувајќи остра антиамериканска реторика додека петродоларите ги вложуваше во проектите за сиромашните.Опозицијата, којашто и’ забележува на венецуелската влада за криење на здравствената ситуација на Чавез, повика тој да биде прогласен неспособен за извршување на претседателската функција, како и да се распишат нови избори во рок од 30 дена, на коишто би се спротивставиле веројатно наследникот што го посакува Чавез, а тоа актуелниот заменик претседател Николас Мадуро и главниот опозициски лидер Енрике Каприљес, 40-годишниот адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, кој беше поразен на претседателските избори ланскиот октомври.Мадуро, 50-годишен возач на автобус, би бил веројатниот победник и на евентуалните нови претседателски избори, сметаат аналитичарите.„Неизвесноста околу можните претседателски избори останува отворена, и покрај враќањето на Чавез“, оценува политичкиот аналитичар Луис Висенте Леон.По реизборот на претседателската функција ланскиот октомври кога јавно објави дека го победил ракот, здравствената состојба на Чавез се виши и не можеше да ја положи претседателската заклетава за новиот мандат што требаше да го стори уште на почетокот од јануари. Врховниот суд на Венецуела ја разлути тамошната опозиција со пресудата дека Чавез останува претседател и дека церемонијата за полагање на претседателската заклетва се одлага.Како што забележуваат аналитичарите, враќањето на Чавез во прв ред ќе ја фрли во втор план дебатата околу неодамна спроведената девалвација на венецуелската национална валута, поради што опозицијата ја обвинува владата за неспособност и незнаење.За разлика од претходните враќања во земјата, државните медиуми овојпат не пренесуваа никакви снимки. Поради долгиот престој на Куба, венецуелската опозиција, меѓу другото ја обвинува венецуелската влада дека се препуштила на диктатот и манипулирањето на Хавана. Имено, поранешниот кубански претседател Фидел Кастро, е политичкиот ментор на Хуго Чавез кој речиси секојдневно го посетуваше додека овој се лекуваше во кубанската престолнина.
МакфаксНенадејното враќање на венецуелскиот претседател Уго Чавез во татковината по двомесечното лекување од рак на Куб

Пронајдете не на следниве мрежи: