Ненад Савески е предлогот на Владата за нов главен обвинител

Владата, на денешната седница, го избра Ненад Савески како свој предлог за нов главен обвинител. Одлуката донесена од извршната власт сега ќе биде испратена до Собранието на Република Северна Македонија, каде што за нејзино одобрување се потребни најмалку 61 глас.

Ненад Савески ќе го наследи Љупчо Коцевски, кој поднесе неотповиклива оставка во декември минатата година, на денот кога Собранието требаше да одлучи за негово разрешување.

Претходно, Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четири кандидати: обвинителката Ленче Ристоска, актуелната вршител на должноста главна обвинителка Анита Тополова-Исајловска, обвинителката Лидија Раичевиќ и судијата Ненад Савески, кои добија позитивна оценка од сите десет члена на Советот.

Постапката за избор на главен обвинител започна со објавување на конкурсот од страна на Собранието на 12 јануари, со рок за аплицирање од 15 дена. Кандидатите мора да имаат најмалку 10 години континуирано искуство како обвинители или судии во областа на кривичната правда.
The post Ненад Савески е предлогот на Владата за нов главен обвинител appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: