Нашето тело се ослонува на одредени витамини и минерали за да функционира најдобро што може.
Витаминот Д е еден од важните витамини, потребен за регулација на калциумот и фосфатите. Тој е клучен бидејќи помага во одржување на здрави заби, коски и мускули, а недостатокот од овој витамин може да доведе до низа симптоми.
Еден од нив е и потењето, особено во подрачјето на темето и челото.
„Прекумерното потење се опишува како вообичаен, ран симптом на недостаток на витамин Д. Најчести подрачја на кои тоа се случува се главата и вратот“, вели нутриционистката Емили Роласон.
Останатите вообичаени симптоми на недостаток на витамин Д вклучуваат слабост на мускулите, дебелеење, умор, слаби коски и зглобови. Под ризик од недостаток на витамин Д се постарите лица и лицата кои поминуваат поголем дел од времето во затворен простор, трудници или доилки, како и лицата кои ја покриваат кожата и оние кои имаат неурамнотежена исхрана.
Како да спречите недостаток на витамин Д?
Најдобра превенција е изложување на сонце до 30 минути, помеѓу 10 и 15 часот, и тоа двапати неделно. Седењето покрај прозорец или во автомобил не се смета за соодветно бидејќи стаклото ги блокира УВБ зраците.
Уште еден начин како да внесувате доволна количина на витамин Д е преку исхраната. Намирници кои можат значајно да го подигнат неговото ниво во организмот се лосос, млеко, сок од портокал, жолчка од јајце, печурки, црвено месо и житарки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.