Летниот период е идеален за лесни оброци, салати и десерти. Токму таков е и следниов рецепт.
Состојки:
– 500 гр. карфиол
– 200 мл. јогурт
– 2 лажици мајонез
– 1 јаболко
– 1 шака лешници
– сол, бибер, морско оревче
– 1 китка магдонос
– 10 листови спанаќ
Подготовка:
Измијте го карфиолот и сварете го во солена вода, исцедете го и оставете го да се излади. Непосредно пред послужување на јаболкото исечете го на тенки парчиња, а лешниците исецкајте ги покрупно. Јогуртот, мајонезот, солта, биберот и морското оревче добро измешајте ги.
Во садот наредете го спанаќот, јаболкото и карфиолот, па прелијте ја салатата.