Необични тестенини

350 г макарони (или било кои тестенини)
500 г излупена и исечена тиква
300 г исечкан кромид
60 г кашкавал
200 мл бело вино
маслиново масло, сол и мелен црн пипер
На загреано маслиново масло испржете ги кромидот и тиквата. Откако ќе омекнат посолете, додадете го виното и динстајте го сосот додека испари алкохолот.
Сварете ги тестенините, процедете ги и вратете ги во тенџерето. Додадете го сосот и промешајте. Сервирајте ги, изрендајте го кашкавалот и наросете црн пипер.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.