Неодоливо тесто за кое ви требаат состојки кои сигурно веќе ги имате дома.
Совршен викенд-десерт кој се приготвува лесно и брзо, од состојки кои речиси секое домаќинство ги поседува, што е дополнителен плус со оглед на тоа што немате потреба да одите во набавка на намирници.
Потребни состојки:
– 1 јаболко
– 1 јајце
– 30 гр. шеќер
– 3 лажици масло
– 80 мл. млеко
– 150 гр. брашно
– 8 гр. прашок за печиво
– 40 гр. суво грозје
– рендана кора од лимон
Начин на подготовка:
Излупете го јаболкото и исчистете го од семките, па исечкајте го на поситни коцки. Измешајте едно цело јајце со шеќер и добро изматете со рачен миксер.
Додајте 3 лажици масло, соединете и додајте го млекото. Просејте брашно и внимателно додајте го во смесата заедно со прашокот за печиво. Матете додека не добиете хомогено тесто.
Додајте ги сувото грозје и јаболкото и добро измешајте, а потоа додајте ја и ситно ренданата кора од лимон. Со лажица вадете помали топчиња и спуштајте ги во добро загреано масло.
Пржете ги од двете страни за да добијат златножолта кора. Пред послужување, по желба, посипете ги со шеќер во прав.