Неодолив лава колач од три состојки

Ако уживате во вкусот на чоколаден лава колач, со овој едноставен рецепт може пријатно да ги изненадите најмилите.
Потребни состојки:
– 3 јајца
– 30 г брашно
– 250 г млечно чоколадо
Подготовка:
Изматете ги јајцата и брашното, а чоколадото стопете го на пареа. На растопеното чоколадо додадете ги брашното и јајцата, добро промешајте, па со смесата наполнете ги калапите за мафини кои претходно сте ги намачкале со масло.
Калапот со смесата ставете го во претходно загреана рерна на 200 степени и печете 7 до 8 минути . Бидете внимателни со времето бидејќи секоја минута повеќе може да значи дека лава колачот ќе се претвори во мафин.
Колачот служете го топло, веднаш по вадење од рерната.

Пронајдете не на следниве мрежи: