Од МВР информираат дека денеска во утринските часови експлодирала бомба во двор во скопската населба Керамидница. Неофицијално „Фокус“ објави дека од експлозијата повреден е Раде Трајковски – Штекли.
„Денеска (14.11.2024) во 09.20 ч. во дворно место во населба Керамидница во Скопје била фрлена експлозивна направа. Од експлозијата со повреди се здобил Р.Т., кој е пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“ за укажување на помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.
Ова е трет обид за ликвидација на скопјанецот Штекли. Тој минатата година беше мета на напад во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во Скопје. Набрзо потоа на својот Инстаграм профил објави стори со раните кои ги добил од куршумите.