Непечена бајадера торта

Сакате непеченабајадера торта. Еве го рецептот за вас. Земете 7 јајца, 300 г шеќер во прав, 300 г, мелени бисквити, 300 г печени мелени ореви, 250 г маргарин, 200 г чоколада за готвење.
Јајцата изматете ги со шеќерот во прав. Додадете ги бисквитите, оревите и маргаринот, изматете и поделете ја смесата на половина.
Во едниот дел додадете ја изладената растопена чоколада и промешајте.На послужавник нанесете ја жолтата, па чоколадната смеса и изладете.
Нанесете изматен шлаг и наросете какао или прелијте ја тортата со растопена чоколада.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.