4 шолји кокосово брашно
1 1/2 шолја кокосово млеко
1/3 шолја јаворов сируп
200 г чоколадо за готвење
50 г кокосово брашно за наросување
Во блендер измиксајте ги кокосовото брашно, јаворовиот сируп и половина шолја од кокосовото млеко. Нанесете ја смесата во тава, обложена со хартија и оставете да отстои 30-тина минути во замрзнувач. Чоколадото искршено на парчиња измешајте го со преостанатото кокосово млекото и растопете го на оган. Нанесете го на колачот и наросете со кокосово брашно. Изладете го колачот и исечете го на коцки со големина по желба.