Непечен колач со крем банани

5 јајца
200 г шеќер
600 г мелени бисквити
100 г јаткасти плодови по желба
125 г путер
200 мл густ сок
10 крем банани
За прелив:
100 г црно чоколадо
1 лажица масло
50 г бело чоколадо
Мелените бисквити прелијте ги со сокот и измешајте. Додадете ги сечканите јаткасти плодови.
Белките одвојте ги од жолчките. Во садот со жолчките додадете го шеќерот и на пареа непрекинато матејќи сварете густ крем. Тргнете го од оган и оставете да се  излади.
Путерот пенесто изматете го, измешајте го со изладениот крем и се заедно вмешајте во бисквитите.
Измесете ја смесата со рака, па половина ставете во правоаголен калап, обложен со најлонска фолија. Наредете ги крем бананите по должина и прекријте со преостанатата смеса. Покријте со најлонска фолија, притиснете со рака и оставете го колачот во фрижидер да се излади.
Превртете го колачот на чинија, отстранете ја фолијата и прелијте го колачот со растопеното чоколадо со масло. Декорирајте со растопено бело чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.