Непознат сторител исекол и украл бакарни кабли од железнички мост

Непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли од железнички мост на место викано „Авлаќ“.

– На 11.01.2026 во 16:10 часот во Полициската станица Гевгелија е пријавено дека во времето помеѓу 13:30 и 14:30 часот од железнички мост на Мрзенска река, на место викано „Авлаќ“, на кој се одвива железнички сообраќај, непознат сторител исекол и одзел два бакарни кабли во должина од 60 и 12 метри, информираа од полцијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Пронајдете не на следниве мрежи: