Непријатни прашања кои никогаш не треба да ги поставувате

За помалку од еден месец се новогодишните и божиќните празници и сите знаеме дека под тоа се подразбираат семејни собирања и потенцијални непријатни прашања.
Еве како треба да реагирате ако некој ви ги постави овие три прашања.
1. Кога ќе најдеш редовна работа/работа за поголема плата?
Ова не е прашање, ова е потценување на вашата работа и причина за блокирање на социјалните мрежи. Подобро е, ако веќе некој сака да ве праша на оваа тема е да ги замени овие прашања со следните: „Што работиш во овој момент? Кажи ми нешто повеќе за твојата работа, дали си задоволен?“
2. Кога ќе имаш дете?
Автоматска реакција е да кажеш не е твоја работа. Но, некои луѓе не стигнуваат до таа точка бидејќи се свесни дека личноста која го поставува прашањето мисли дека сите имаме исти цели, исти планови, исти желби и тоа може да биде проблематично. Особено кога станува збор за чувствително и лично прашање.
Алтернатива за ова прашање нема, буквално никогаш не треба никому да го поставите.
3. Зошто си толку дебел/а или слаб/а?
Уште едно прашање кое е непристојно да го поставите. Обично постојат најразлични прашања за промените во тежината и никој освен вас не мора да знае за нив.
Единствено посакувано однесување е избегнување коментари на сметка на туѓиот изглед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.