четврток, 12 ноември 2026
Најново

Белоруските граничари добија подарок од Украинците среде ноќна смена: Погледнете добро… (видео)

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Украинските гранични полицајци поставија голем екран со проектор на границата со Белорусија за да им ги покажат на своите колеги вистинските последици од војната.

Во презентираниот материјал, меѓу другото, се прикажани резултатите од ракетните напади на територијата на Украина кои биле извршени од територијата на Белорусија, потоа има видео-снимки од масакрот во Буча, како и обраќањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски до граѓаните на Белорусија.

Украинците се надеваат дека тоа ќе ги освести жителите на земјата што соработува со Русија и ќе им покаже што навистина се случува, наспроти тоа што им го покажува руската пропаганда преку медиумите и социјалните мрежи.

Поврзани вести