Несекојдевна сцена! Ној избега од зоолошка градина: Еден час трчаше меѓу возила, а причината за неговото бегство ќе ве насмее до солзи (ВИДЕО)

Нојот кој побегнал од зоолошката градина во јужнокорејскиот град Сеонгнам е фатен, соопштија локалните власти во вторникот, откако поминал еден час избегнувајќи возила во густ сообраќај, што изненади многу возачи.Сведоците објавија слики и видео на социјалните мрежи од мажјакот ној, по име Тадори, откако тој излегол од зоолошката градина наречена Буг Сити и се нашол како со голема брзина се движи меѓу автомобилите во сообраќајот, соопшти локалната полиција.Полицијата и локалната противпожарна служба ја фатиле птицата користејќи мрежа на паркинг на околу 4 километри од зоолошката градина, која се наоѓа на околу половина час јужно од Сеул.Четиригодишниот ној е безбеден и се вратил во зоолошката градина во стабилна состојба, изјави за Ројтерс сопственикот на зоолошката градина Чои Јун-Џу.„Неговиот единствен пријател, женката ној Тасуни, почина пред околу еден месец. „Претпоставувам дека беше тешко за Тадори“, рече Чои.
Ostrich captured after escaping Korean zoo, dodging traffic for an hour https://t.co/0smjTUO2qG pic.twitter.com/DJWXFbWgAe— New York Post (@nypost) March 27, 2024

Пронајдете не на следниве мрежи: