Нетанјаху: Прецизниот и моќен напад врз Иран ги постигна сите свои цели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека вчерашниот воздушен напад врз воените објекти во Иран ги постигнал сите цели.

„Нападот беше прецизен и моќен и ги постигна сите негови цели“, рече Нетанјаху денеска на церемонијата по повод првата годишнина според еврејскиот календар од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас во јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Иран го нападна Израел со стотици балистички ракети и нападот не успеа“, рече тој, мислејќи на иранскиот ракетен напад на 1 октомври, кога повеќето од истреланите проектили беа пресретнати од израелската противвоздушна одбрана.

Пронајдете не на следниве мрежи: