НЕ БАРАМ МИЛОСТ, НО… БОКИ 13 БЛЕД КАКО КРПА ПРЕД АПЕЛАЦИСКИ СУД! Ги објави наодите: Трајно сум инвалид

Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, по излегувањето од затвор за прв пат се појави пред камерите.

Одбраната на Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, како и одбраната на другите осудени, денес во Апелациониот суд Скопје побара укинување на пресудата за случајот „Меѓународен сојуз“.

Путин одликуваше со орден тројца тинејџери кои спасуваа луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус
Рускиот претседател Владимир Путин им додели ордени на тројца тинејџери кои учествувале во спасувањето луѓе за време на терористичкиот напад во Крокус Сити Хол. – За храбри и решителни дејствија при спасување …
Најголем број туристи од Бугарија и Русија, еве колку Македонци ја посетиле Србија во март
Србија во март ја посетиле 153.155 странски туристи, што е за 9,7 отсто повеќе од март 2023 година, а најмногу пристигнати има од Бугарија – 14.278 и Русија – 14.122.Според податоците на …

За ова, Јовановски се огласи на својот Фејсбук профил.

„Од денешната јавна седница пред Апелациониот суд Скопје: Барам фер судење во повторена постапка пред Основниот кривичен суд, милост не барам!

Во однос на мојата здравствена состојба, ќе се огласам сега за прв и последен пат: Јас сум со траен инвалидитет, кој не е пропратен со физички деформитети и видливост.

Затоа апелирам до јавноста моето здравје да го оставиме на лекарите и нивните стручни проценки. Ваква здравствена состојба не посакувам никому, оттука замолувам и апелирам на воздржаност и човечност“, стои во објавата на Јовановски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.