среда, 25 ноември 2026
Најново

Не ги игнорирајте: Телото ви ги дава ОВИЕ знаци на недостаток од витаминот Б12

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На луѓето им требаат 50 микрограми витамин Б12 дневно, а оние кои имаат недостаток на оваа хранлива материја може да искусат одредени тешкотии, според британскиот биолог Џастин Батлер.

-Екстремниот замор, недостатокот на енергија, мускулна слабост, пецкање, депресија и когнитивни проблеми, како што се слаба меморија, разбирање и расудување, може да бидат признак за недостаток на витамин Б12, вели д-р Батлер.
Таа наведува дека витаминот Б12 го произведуваат бактериите коишто се наоѓаат во почвата, па најлесен начин да се добие е преку неизмиени плодови, што за повеќето луѓе денес не е опција. Затоа, сега најчесто се добива од збогатена храна или додатоци во исхраната.

-Може да се добие со внесување екстракт од квасец и снегулки, млеко од растително потекло, вегански јогурти и десерти збогатени со витамин Б12… Тој витамин му помага на телото да одржува здрави нервни клетки и помага во создавањето на ДНК. Исто така, витаминот Б12 тесно е поврзана со фолната киселина, ги ствара црвените крвни зрнца, му помага на железото подобро да работи во телото и произведува соединение вклучено во имунолошката функција и расположението, појасни д-р Батлер.
Меѓу последиците од долгорочно ниско ниво на витамин Б12, се покачени нивоа на аминокиселината хомоцистеин во крвта. Тоа пак е поврзано со срцевите заболувања. Советот на стручкот за крај гласи – при загриженост за нивото витамин Б12 и сомнеж за недостаток, контактирајте со вашиот лекар за консултација.

Поврзани вести