Не го фрлајте: Што да правите со бадниковото гранче?

За разлика од свеченото внесување на бадниковото гранче, нема официјални ритуали или правила за негово вадење, но факт е дека сите православни верници во своите домови за време на Божик имаат вакво гранче и потоа треба нешто да направат со него.
Според традицијата, бадниковото гранче се фрла во куќниот камин после Божик за да изгори, па оттука се поставува прашањето како да ја почитуваме оваа традиција денес кога живееме во станови без камини.
За да се најдеме некаква средина помеѓу традицијата и модерниот начин на живот, можеби најдобро решение е да го вратиме бадниковото гранче во природата, од каде што сме го земалее.
Обичаите се разликуваат од место до место, но без разлика на вообичаените разлики, кон ова дрво, кое симболизира ново раѓање, треба да се однесуваме со почит.
Многу е важно бадниковото гранче да не се фрли во буниште или во контејнер, туку да се врати во природа за да се продолжи текот на новото раѓање. Најдобро е да го оставите на родно дрво, кое напролет повторно ќе вроди со плод. Бадниковото гранче симболизира дека во нашите домови сите сакаме добра, бериќетна, богата и плодна година, а за да имаме нов напредок треба да го вратиме во природата од каде добиваме се што ни е потребно за живот.
Според традицијата, бадниковото гранче се вади од дома на третиот ден од Божик, но има и места каде бадниковото гранче се остава во домовите до Стара нова година, односно Василица.
Бадниковото гранче го симболизира младиот Христос и со носењето на тоа дрво сите сакаме Христос секоја година повторно да се раѓа во нашите домови. Бадниковото гранче за нас е своевидно домашно, куќно светилиште и јасно е дека она што е свето никогаш не треба да заврши на ѓубриште или да се влече по нечисти места. Треба да се остави на чисто место, кое не се гази, а не треба ниту да се носи кај пријатели и роднини кои имаат камин. Односно, не треба да се запали бадниковото гранче било каде колку да се запали, туку ако тоа се прави треба да биде исклучиво во вашиот дом.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.