Не е вонземјанин, туку човек, костурот од 15 см

ДНК тестовите покажаа дека малиот костур за кој повеќето нагаѓаа дека е од вонземско потекло, дека сепак, припаѓа на човечкиот вид.Пред десет години Чилеанецот, Оскар Муноз, пронашол  мумифициран костур на хуманоид, висок 15 сантиметри. Костурот го пронашол крај напуштена црква во напуштениот град Ла Нориа во пустината Атакама.Суштеството го доби името Ата по пустината каде е најдено, а долго се веруваше дека е абортиран фетус на мајмун, или за вонземјанин.За ова суштество снимен е и документарен филм „Сириус“, чија премиера беше пред два дена и во кој се прикажани научниците како спроведуваат ДНК тестирања на него.Меѓутоа, тестовите ќе ги разочараат сите оние кои сакаат суштеството да е вонземјанин, затоа што покажаа дека се работи за човечка ДНК, поточно ДНК од мутиран човек, пишува Daily Mail.Примероците на коскена срж ги анализираа научниците од Универзитетот Стенфорд во калифорнија, а резултатите се прикажани во спомнатиот документарец,„Можам да кажам со апсолутна сигурност дека не се работи за мајмун. Се работи за човек – поблиску е до човек отколку до шимпанзо. Доживеало старост од седум до осум години“, вели Гери Нолан, шеф на одделот за матични клетки во Стенфорд.„Очигледно е дека дишело, се хранело и дека емтаболизмот му функционирал. Сер наметнува прашањето колкаво било кога се родило“, додава Нолан.Проектот Сириус е дело на докази собрани од поранешниот лекар и основач на програмата 'Disclosure Project' д-р Стивен Грир, а освен мистеријата околу ситниот костур од Атакама, открива и зошто напредните технологии намерно ги држат `под тепих`, за да се одржи моменталниот петрохемиски состав.
MaкфаксДНК тестовите покажаа дека малиот костур за кој повеќето нагаѓаа дека е од вонземско потекло, дека сепак, припаѓа на ч

Пронајдете не на следниве мрежи: