Не е случајно што Ева грицкала јаболко

Јаболкото е овошје кое ја стимулира работата на женските полови органи, покажало италијанското истражување кое опфатило 731 здрава жена, на возраст од 18 до 43 години. Резултатите од истражувањето се објавени во „Архива за гинекологија и акушерство“.
Испитаниците поплнувале прашалник кој се однесувал на тоа колку често јадат јаболки, но и од што се состојат најчесто нивните дневни оброци.
Затоа испитаниците се поделени во две групи, едната листа е составена од жените кои секојдневно јадат по најмалку една јаболка, а другата од оние кои понекогаш имаат потреба да го вкусат ова овошје.


Прашалникот се состои и од 19 прашања поврзани со сексуалните активности, вклучувајќи го и тоа колку често жените доживуваат огразам за време на сексот.
На тој начин е утврдено дека изедена една јаболка дневно позитивно влијае на сексуалното задоволство на жената, пред се поради тоа што ова овошје содржи фалвоноид флориџин, за кое исто така е утврдено дека ја опоравува густината на коските за време на менопауза.
Ова соединение е слично на женскиот хормон естрадиол, кој игра голема улога во сексуалното возбудување.
Жените кои редовно јадат јаболки, барем по една дневно, имаат почеста желба за секс и нивните репродуктивни органи се секогаш активни.
Инаку, постојат и повеќе причини поради кои треба да конзумирате јаболки. Тие го намалуваат ризикот од срцев удар, посебно кај лицата постари од 50 години. Исто така, ова овошје успешно го намалува холестеролот, го хидрира организмот и позитивно влијае на здравјето на забите и хигиената на устата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.