Не корнете го ова растение: Лекува разни болести, а вие го фрлате

Толчникот расте како коров, налегнат над земјата со спуштени листови и стебленце со црвенкаста боја.
Иако многумина не знаат, токму овој коров има исклучителна лековита моќ.
Толчникот го јакне срцето и ја чисти крвта, го регулира нискиот крвен притисок. За себе го вкрсува холестеролот и го поттикнува неговото исфрлање. Го намалува шеќерот и помага кај шеќерни болести.
ЛЕКОВИТ ЧАЈ
1 полна супена лажица свежо исечкан толчник прелијте го со 300 мл ладна вода. Ставете на оган кратко да проврие, па тргнете го и оставете го поклопено да отстои два часа.
Процедете го и пијте го трипати дневно по 100 мл чај, пред јадење, во текот на една седмица. Се прави пауза од 15 дена, а потоа повторете според потребите.
Толчникот (Portulaca oleracea) е богат со омега-3 масни киселини, соединенија кои главно се наоѓаат во рибините масла. Омега-3 киселините го јакнат имунолошкиот и кардиоваскуларниот систем.
Толчникот има и противвоспалителни својства, ја подобрува циркулацијата и спречува создавање на тромбови. Богат е со антиоксиданти кои штитат од рак и од штетното дејство на слободните радикали, а го успорува и стареењето. Толчникот може да помогне во регулирање на нивото на холестерол во крвта.
Бидејќи ја релаксира мазната мускулатура, делува и врз намалување на крвниот притисок. Слузта од оваа билка ги смирува инфекциите и воспаленијата во цревата, како и инфекциите во уринарниот тракт. Се препорачува против ждригавица, гастритис, но и кај опстипација.
Екстракт од суви листови и стебленца делува противвоспалително и како средство против болки. Однадвор може да се користи за лекување на грчеви во мускули. Во исхраната се користат млади сочни листови и млади гранчиња со должина од три до пет центиметри.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.