НЕ ЛАЖЕЛ 45 ГОДИНИ: Жена на шега купила ДНК тест и открила мрачна ТАЈНА

Секое семејство има свои тајни, но тие обично се безопасни и не треба да се грижите. Меѓутоа, една жена ја открила најдлабоката, најмрачната тајна на својот дедо кога решила да направи домашен ДНК тест за забава, пишува Мирор.

НЕ ЛАЖЕЛ 45 ГОДИНИ: Жена на шега купила ДНК тест и открила мрачна ТАЈНА

Една жена нарачала комплети за тестирање за нејзиното домаќинство откако тие станаа популарни, но веднаш зажали кога стигнаа резултатите.

  • Добив комплет за домашен ДНК тест. Потоа добив материјали за моите браќа и сестри и родители. Ова ги поттикна моите роднини да го сторат истото. Тестот не поврза со неколку роднини за кои не знаевме дека ги имаме – ја започна својата исповед збунетата жена.

Сепак, излегува дека нејзиниот 67-годишен дедо има сосема друго семејство, кое го чувал во тајност најмалку 45 години.

  • Тој е легално оженет со друга жена, а не со баба ми. Тие имаа церемонија за размена на завети, но не се легално во брак. Тој има сопруга и еден куп деца и внуци со неговото второ семејство. Не знам како сето ова време го криеше – истакна таа.

Како што објаснила, дедото обично многу патува поради работа, но никогаш не би помислиле на вакво нешто

  • Баба ми е уништена. Тие беа заедно 45 години, но се покажа дека нивната врска не е вистинската. Никој од нас немаше поим и сега нашето семејство е уништено, а исто така и неговото друго семејство. Посакувам да се вратам во времето и никогаш да не го купам тој глупав тест – признала очајната жена.

Таа ја сподели својата приказна на Редит за да ги повика другите да не купуваат комплети за ДНК, велејќи дека „некои работи е подобро да се остават скриени“.

Сепак, и нејзината приказна и тој коментар предизвикаа многу поделени реакции.

  • Всушност, добро е што дозна сега. ДНК тестот е благослов. Вашата баба би можела да изгуби се што мислела дека е на неа и на вашето семејство, што неговото легално семејство би можело да го наследи и земе ако вашиот дедо умре рано. Вашата баба има време да се заштити и да најде адвокат. Жал ми е што дедо ти испадна толку „покварен“ човек, беше еден од коментарите.

Другиот веднаш се надоврза.

  • Вистината обично на овој или оној начин излегува на виделина. Ова и дава шанса на вашата баба да планира, бидејќи таа можеше да остане без сè ако умреше дедото. Вие не сте одговорни за штетата од туѓите лаги. Ова е голема трагедија – напиша тој корисник на Редит.

Третиот беше брутално искрен.

  • Вие сте очигледно друго семејство. Сега бабата треба да биде законски заштитена. Таа нема да има право на ништо. Ако имала некаков брак, но знаела дека не е законски регистриран, ништо не добива. Најдобро е да и најдеш адвокат додека е жив и да дознаеш на што има право – рекол тој корисник.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.