Не лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена храна

Битката околу зеленчукот се води во речиси секое домаќинство. Брокулата едноставно не изгледа и не мириса привлечно за децата како малината, особено ако малината е гумена и зашеќерена. Но, не лутете се, децата не се целосно виновни за својата пребирливост.
Не лутете им се на децата: Вродено им е да не сакаат зелена храна
На луѓето им е запишано во генетскиот код да изберат црвена пред зелена храна (на пример, месо пред грашок). Според некои теории, нашиот визуелен систем еволуирал за лесно да ги препознае најхранливите намирници од џунглата зеленило што го опкружува.
Луѓето, за разлика од животните, зависат од видот, а не од мирисот, а особено се ефикасни во разликувањето на црвената од зелената боја.


Досега се спроведени само неколку истражувања на тема бојата на храната. Авторот на истражувањето, д-р Франческо Форони, објаснува како бојата открива многу за храната.
„Колку што е поцрвена храна, толку е поголема веројатноста да биде похранлива, додека зелената боја покажува дека храната има малку калории“, објаснува д-р Франческо Форони.
Тој посочува дека бојата може да се користи и во борбата против вишокот килограми затоа што сфатиле дека оваа предност се однесува само на храната, а не и на другите непрехранбени производи.
Пробајте различни начини
Без оглед на генетиката, децата треба да јадат зеленчук. Престанете да го криете зеленчукот низ храната затоа што тие го наоѓаат во сè. Откријте како децата сакаат да го јадат зеленчукот и така пригответе го. На пример, брокулата може да биде пржена, во намаз од сирење, да се комбинација со нешто што го сакаат, во пире од компири или во супа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.