Не можете да ставите крај на честото опаѓање на косата? Пробајте ја оваа маска!

Активните материи со кои е богат пивскиот квасец како протеини, витамини од групата Б и минералите како што се хром, селен, калиум, железо, цинк и магнезиум ја враќаат виталноста на косата и го стимулираат нејзиниот раст. Прашокот од пивски квасец може да се нанесе на косата како маска.

Потребни состојки за 1 апликација:
5 лажици пивски квасец во прав
1 лажица ладно цедено масло (арган, лешник, орев, авокадо, бадем, маслиново…)
вода по потреба
Начин на подготовка:
Измешајте го пивскиот квасец и маслото, а потоа додадете доволно вода за да добиете густа смеса. Нанесете ја маската на сува коса, замотајте ја со топла крпа и оставете ја најмалку еден час. Потоа добро исплакнете ја косата и исплакнете со шампон како и обично.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.