Не можете двапати да бидете заразени со коронавирус, виновни се тестовите

Оние кои се заразиле со коронавирус не можат да заболат двапати од него, наведуваат научниците.
Експертите се плашеа дека пациентите би можеле да се заразат двапати со коронавирус, откако дури 10 проценти од закрепнатите пациенти во Кина биле повторно тестирани позитивно откако биле отпуштени од болница.
Меѓутоа, јужнокорејските научници заклучиле дека пациентите кои имале Ковид-19 не можат повторно да го добијат по закрепнувањето и за тоа ги обвинуваат неисправните тестови, пренесува британскиот дневник “Sun”.
Според јужнокорејскиот централен клинички одбор за контрола на болести, позитивните резултати кај луѓето кои биле негативни на коронавирусот се резултат на “фрагменти” од вирусот кои лежат во нивните тела, но кои немаат сила да доведат до заболување или да заразат други.


Постоеле податоци дека вкупно 277 пациенти се повторно заразени, што предизвикало страв дека мутациите во вирусот би можеле да го спречат развивањето на имунитет кај пациентите, што би ја искомплицирала и задачата за пронаоѓање на вакцина и би ја елиминирало можноста од постигнување на колективен имунитет.
Сер Патрик Воленс, главен научен советник на британската влада и професор Крис Вити, главен медицински советник на Борис Џонсон, претходно се обидувале да ја разубедат јавноста дека не може двапати да се заболи од коронавирус.
Тие тврделе дека оние кои еднаш имале вирус развиваат имунитет, а дека е реткост повторно да се добие заразна болест.
Сер Воленс открил дека некои луѓе заболуваат од заразни болести и по втор пат, но дека тоа е ретко и додал дека нема докази кои би сугерирале дека тоа би се случило и со коронавирусот.
Во меѓувреме, професорот Вити објаснил дека кај заболувањата, дури и ако не постои долгорочен имунитет, обично постои краткотраен.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.