Не мора да јадете помалку јаглехидрати за да слабеете

Многу луѓе ја популаризираат диетата со малку јаглехидрати како добар и правилен начин за брзо губење на тежината и одржување на здрав организам, но тоа всушност не е така.
Јаглехидратите генерално не се вистинската причина поради која се чувствувате лошо, ниту пак ве спречуваат да водите здрав начин на живот. Всушност, треба да ги јадете за да се зголеми ефикасноста на вежбањето и да се одржи чувството на ситост, тврдат нутриционистите.
Бек Милер, клинички нутриционист и основач на онлајн платформа која нуди совети за здрав живот и слабеење без глад и чувство на вина, даде неколку упатства за избор на најквалитетни извори на јаглехидрати.
Прво и основно, ако јадете јаглехидрати, тие мора да бидат богати со хранливи материи за да ве заситат долго време, да ви помогнат да ја одржите меморијата, концентрацијата, издржливоста и многу повеќе.
Ако се обидувате да го намалите внесот на нутритивно слаби јаглехидрати и да го зголемите внесот на богати, редоследот подолу може да ви помогне да идентификувате некои за кои можеби не сте верувале дека се особено добри за вас.
Бек Милер ги наброја следниве извори на јаглехидрати, од најнеквалитетни до оние со највисок квалитет:
– Крофни, кроасани, колачи, печива
– Оризови крекери и чипс
– Високо преработени житарки
– Кускус
– Бел леб, бели тестенини, бел ориз
– Пченкарни тортиљи
– Леб од повеќе видови житарки
– Кафеав ориз
– Компири
– Овес
– Булгур, киноа, хељда, јачмен, мешунки
– Повеќето овошја и зеленчуци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.