Не мора на хемиско: Како сами да ја исперете зимската јакна?

Помалите дамки на јакните може успешно да се отстранат со влажен сунѓер и малку детергент. Но, што да направите ако тоа не помогне?
Јакните секогаш најдобро се перат самостојно, односно без други алишта во машината. На надуените зимски јакни им е потребен дополнителен слободен простор за да можат да се шират.
Исто така, пред перењето во машина, сите патенти на јакната мора да се затворат за да се избегнат гребнатини и дупки за време на перењето.
Јакните најдобро се перат со голема количина на вода и на помал програм. За моделите означено со „чувствително“ или „волна“ се препорачува перење на максимум 40 степени.
Центрифуга по перењето, да или не?
Јакните апсорбираат многу вода кога се мијат во машината, па затоа дефинитивно треба да ја вклучите центрифугата. Сепак, изберете нежен циклус на центрифугирање од максимум 400 вртежи во минута за да не се оштети материјалот на јакната.
Внимавајте на изборот на детергент
Бидејќи состојките во обичните детергенти ги разградуваат протеините, тие не се погодни за чистење и грижа на зимските јакни бидејќи пердувите, како и косата, се составени од протеинот кератин, кој пак е составен од протеини и амино киселини. Специјалните детергенти за пердуви ефикасно ги штитат пердувите при перење во машина, така што на ткаенината ќе ѝ ја дадат потребната количина на маснотии.
Сушење јакна во сушара
Правилното перење на зимската јакна во машина е важно, но уште поважно е оптимално да се исуши. Само добро исушените пердуви повторно ќе се надујат и ќе ја наполнат внатрешноста на јакната, правејќи ја мека, топла и надуена.
Затоа, јакните секогаш треба да се сушат во машина за сушење, со ладен воздух и до максимум 40 степени. Исто така, важно е да имате доволно простор во барабанот за да се исуши секој дел од јакната која ќе почне да се дуе.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.