Не мора ни да ја вклучите рерната: Вкусен колач со јогурт и овошје за љубителите на десертот

Вкусно и лесно за подготовка
Потребни состојки:
1 килограм бисквити
1 литар јогурт
50 грама шеќер во прав
500 грама јагоди, измиени и исечкани
300 милилитри крем за шлаг


Маргарин или путер
Начин на подготовка:
Издробете ги бисквитите во поголем сад, сипете го јогуртот и помешајте ги сите состојки. Додајте ги исечканите јагоди, па шеќерот во прав и убаво изматете. Намачкајте тепсија со маргарин или путер, па префрлете ја смесата во неа, притоа убаво распоредувајќи низ целата површина. Подгответе ја шлаг пената и намачкајте ја одозгора. Ставете го колачот во фрижидер, преку ноќ, со цел кексот целосно да омекне.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.