“НЕ” НА ЕРДОГАН ЗА СТОЛТЕНБЕРГ: ЛАДЕН ТУШ ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИТЕ НЕ ГО МЕНУВААТ СТАВОТ

Времето на процесот на турска ратификација на приемот на Финска и Шведска во НАТО зависи исклучиво од активностите на тие северни земји, изјави претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Темпото и динамиката на процесот на ратификација на меморандумот меѓу Турција, Шведска и Финска ќе бидат одредени од чекорите што ќе ги преземат овие земји – рече Ердоган, пренесе Анадолија.

“НЕ” НА ЕРДОГАН ЗА СТОЛТЕНБЕРГ: ЛАДЕН ТУШ ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА НАТО ВО ИСТАНБУЛ, ТУРЦИТЕ НЕ ГО МЕНУВААТ СТАВОТ

Ердоган вчера разговараше на оваа тема со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг , кој беше во посета на Турција, пренесе Интерфакс.

Тие разговараа и за ситуацијата во Украина.

Ердоган најави потреба од обновување на преговорите меѓу Русија и Украина со цел што поскоро да се стави крај на конфликтот.

Претседателот на Турција рече и дека Турција ќе се фокусира на продолжување на договорот за жито што истекува на 19 ноември, а кој овозможува извоз на украинско жито преку Црното Море.

Столтенберг по средбата со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека Финска и Шведска ги исполниле условите на Анкара за влез во НАТО.

Сепак, Чавушоглу ситуацијата ја оцени поинаку.

– Не се спроведени сите компоненти на договорот – рече тој.

Истовремено, тој посочи дека властите на двете земји навистина презеле некои неопходни мерки, што Анкара ги поздравува.

Во моментов, Турција и Унгарија сè уште го немаат ратификувано приемот на Шведска и Финска во НАТО.

Анкара вели дека тоа ќе го стори кога двете скандинавски земји ќе исполнат голем број услови наведени во меморандумот договорен меѓу страните.

Конкретно, постојат клаузули дека Шведска и Финска треба да преземат акција против курдските групи, кои Анкара ги смета за терористички.

Анкара исто така инсистира на екстрадиција на одреден број курдски активисти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.