НЕ НОСЕЛ ЗАШТИТНА МАСКА, СЕ ЗАДУШИЛ ВО СЕПТИЧКАТА ЈАМА? Први сознанија на инспекцијата во свињарската фарма каде се случи трагедија

Инспектори од Државниот инспекторат за труд (ДИТ) вчера излегоа на терен по трагедијата во свињарската фарма во светиниколското село Амзабегово, во која еден работник на 45-годишна возраст почина на лице место, а неговиот 53-годишен колега, кој притрчал да му помогне е на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Захарова: Шокантно но вистинито, Xитлеp е почесен граѓанин во четириесетина градови низ Германија
Претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, ја коментираше изјавата на германската министерка за надворешни работи Анален Бербок дека е дојдено време …
Нарушениот однос на Тајсон со мајка му: Го тепала во затвор, го нарекувала „арогантен“ и го потсетувала на поразите (фото)
Гладот ​​на Тајсон за величина беше цел на грижата на неговата мајка. Мајката на легендата, често ја омаловажуваше неговата кариера, решена да не ја прифати.Врската …

Директорката на Државниот трудов инспекторат Весна Томовска вели дека е извршен инспекциски увид по несреќниот случај, извештајот од нивна страна ќе биде комплетиран откако од сопственикот на свињарската фарма ќе биде предадена потребната документација. Инспекторите утврдиле дека починатиот работник немал респираторна заштита.

– Државниот инспекторат за труд веднаш по добивањето на пријавата излезе на увид на лице место и од самиот увид утврди дека е случена несреќа при работа, со фатална последица за еден од работниците, а другиот работник е со потешки повреди и истиот е транспортиран на Клиниката за токсикологија во Скопје. Со оглед на тоа што во моментов на надзорот од страна на работодавачот не е презентирана потребната документација врз основа на која би се утврдила целата целокупната фактичка состојба од страна на инспекторите е задолжено работодавачот во текот на денешниот ден да ја презентира на увид потребната документација – вели Томовска.

Таа посочува дека по утврдување и разгледување на документацијата ДИТ ќе излезе и ќе го презентира случајот на јавноста.

Според првичните информации починатиот работник ја отворил решетката која ги поврзува халата со дупката. Тој се симнал во дупката, за да го провери шиберот, кој го повлекува течното ѓубриво од халата, кон дупката. Инспекторите утврдиле дека во моментот на несреќата починатиот работник немал респираторна заштита.

Од каков гас починал работникот О.Т., а неговиот колега С.Ј. се бори за живот на Клиниката за токсикологија треба да утврди обдукцијата на починатиот работник.

МИА вчера информираше дека пријавaта во СВР-Штип е во 11.01 минута, а настанот се случил околу 10.30. Починатиот работник е О.Т. 1978 година роден и второто работник е со иницијали С.Ј. роден 1971 година од село Амзабегово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.