Не пиете вода чим отворите очи? Еве зошто под итно треба да ја промените оваа навика

Некој има поинаква рутина кога ќе се разбуди, ама тоа кај повечето се сведува на проверка на друштвените мрежи, станување од креветот, миење, пиење на првото кафе. Она што многу луѓе го забораваат во целиот овој процес е да испијат барем една чаша вода, а тоа и те како има има влијание на сите останати процеси во нашето тело а влијае и на тоа како ќе се чувствуваме подоцна во текот на денот.
Дури и ако пиете доволно вода во текот на денот, треба да водите сметка на тој утрински влез на оваа драгоцена течност. Најмногу вода нашиот организам губии за време на спиењето, особено луѓето кои хрчат или дишат на уста. За да не дојде до преголемо губење на хидратацијата, нашето тело го лачи хормонот вазопресин кој служи за да ја задржи водата во текот на спиењето, но истиот се лачи во подоцнежната фаза на спиењето. Тоа значи дека ако не спиете доволно ќе бидете подехидрирани во текот на утрото, а тоа е причина плус да се фатите за чаша со вода отколку за шољата кафе. А еве и кои се корисни ефекти има пиењето вода наутро.
Го подобрува метаболизмот


Истражувањата покажаа дека ако наутро испиете барем една чаша вода може да го убрзате својот метаболизам до 30%. Водата на празен стомак помага и при варењето на храната. Ако ви е досадно да пиете само вода додадете цимет или ѓумбир во истата.
Спречува создавање на камен во бубрезите
Најголемо влијание во спречување на камен во бубрегот има редовното внесување на вода во текот на целиот ден, а чаша вода наутро помага при разредување на сумстанцата во урината која е одговорна за појава на каменот. Може да додадете и лимон во водата.
Против главоболка
Една од главните причини за главоболка е дехитрација на телото, а на превенција од тоа може да работит од рано изутрина. Размислетр на водата како лек против главоболка кој го внесувате преку цел ден, а почувато изутрина.
Ги исфрла токсините
Mеѓу причините зошто е важно да се внесува вода е затоа што добро хидриран организам во себе има помалку токсини. Внесот на вода значи повеќе заминувања во тоалет, а тоа понатаму значи и исфрлање на повеќе токсини од организмот.
Ја смалува киселината
Ако имате проблем со киселините во текот на ноќта, чаша вода кога ќе станете ќе ви ја прочисти заостаната киселина која ви се наоѓа во цревата и забите и ќе ви го намали она препознатливо лошо чувство.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.